Опсерваторија за влијание и имиџ

Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите (#IIO) на Институтот ПРЕСПА, е постојан проект од тематската област Надворешна политика и меѓународни односи. Активен од 2020 година, овој проект вклучува две компоненти: Индексот за меѓународно присуство (#3IIndex) и Имиџ опсерваторијата (#ImageObservatory). Индексот за меѓународно присуство е синтетички индекс, кој го подредува, квантификува и агрегира присуството на […]

#IIO Podcast 001

#IIO поткаст, епизода 001
Разговор со проф. д-р Ненад Марковиќ

“Десет + едно” важни прашања за Руската инвазија

Оваа анализа претставува здружен обид на членките на Работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика и извршниот директор на Институтот ПРЕСПА да одговорат на десет плус едно важни прашања поврзани со руската инвазија на Украина и ефектот врз Европа, но и врз Северна Македонија.

Александрополис – Гасификација на Северна Македонија

„Александрополис – Гасификација на Северна Македонија“ е истражување за пазарните состојби и потенцијали кои гасификацијата на Северна Македонија може да ги има во иднина, како и можните геополитички влијанија од негово воведување. Автор на истражувањето се Јована Петковска, помлад истражувач и специјалист за комуникација, Дарко Ѓорѓиоски асистент истражувач во институтот.

Индекс за меѓународно присуство на Институт ПРЕСПА

„Соочување со стабилни демократии или пат со неусогласена траекторија“ е извештај од истражувањето за Индексот за меѓународно присуство за 2019 година и ги претставува државите и нивното меѓународно присуство во Република Северна Македонија.  Автори на извештајот се Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институтот ПРЕСПА, Диана Жупаноска, постар истражувач во Институт ПРЕСПА, Горан […]

Ивана Јордановска

постара надворешна соработничка и истражувачка, претседателка на работната група на експертки за надворешна и безбедносна политика