Инструмент за претпристапна помош – ИПА-3

Инструмент за претпристапна помош – ИПА-3 е брифинг материјал за подобро разбирање инструментот и финансиската рамка за поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за инструментот, а се идентификувани и прозорците во кои се планира помошта, како и веќе утврдените проекти. Дополнително, материјалот нуди информација за […]
Економски и инвестициски план за Западен Балкан

Економски и инвестициски план за Западен Балкан е брифинг материјал за подобро разбирање економскиот и инвестицискиот план за поддршка на Западниот Балкан и спроведувањето на Зелената агенда. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за планот, а се идентификувани и клучните иницијативи во кои се планираат средствата обезбедени како инвестиции и грантови, како и веќе […]
Поглавје 27

Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени е брифинг материјал за подобро разбирање и идентификување подрачјата во поглавјето, како и на усвоените правни акти во секое од подрачјата, а со Северна Македонија ќе треба да се усогласи во процесот на пристапување во Европската Унија.
Двојна зелена рамка

Двојната зелена рамка е брифинг материјал за подобро разбирање на Зелениот договор и Зелената агенда за Западниот Балкан и нивните приоритети, области и активности. Со материјалот се одговараат не колку клучни прашања за обата документи, а се идентификува и целата финансиска конструкција потребна или ставена на располагање за остварувањето на утврдените цели.
Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020

„Имиџ и реалност – Северна Македонија 2020“ е извештај од истражувањето за имиџот на Северна Македонија кое ја анализира нормативната рамка за политиките и процесите во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Автори на анализата се Лепосава Огњаноска, надворешна соработничка и постара истражувачка од Институт ПРЕСПА, Симона Трајковска и […]
Патоказ за Европската Унија

„Патоказ за Европската Унија“ е документ за јавна политика кој ги анализира преговарите за пристап кон Европската Унија од страна на Република Северна Македонија. Автор на извештајот е Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институтот ПРЕСПА, а произлегува од соработката со Фондацијата Отворено Општество – Македонија.
Структурата за преговори со Европската Унија

„Структура за преговори со Европската Унија – Како до поголема функционалност, јавност и контрола? “ е анализа на преговарачката структура на Република Северна Македонија за пристапување кон Европската Унија. Автор на извештајот е Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институтот ПРЕСПА, а произлегува од соработката со Фондацијата Отворено Општество – Македонија.
Индекс за меѓународно присуство на Институт ПРЕСПА

„Соочување со стабилни демократии или пат со неусогласена траекторија“ е извештај од истражувањето за Индексот за меѓународно присуство за 2019 година и ги претставува државите и нивното меѓународно присуство во Република Северна Македонија. Автори на извештајот се Андреја Стојковски, постар истражувач и извршен директор во Институтот ПРЕСПА, Диана Жупаноска, постар истражувач во Институт ПРЕСПА, Горан […]
Лепосава Огњаноска

надворешна соработничка и истражувачка
Мартин Нацевски

надворешен соработник и истражувач